Bosch Professional GRL 600 CHV Original Instructions Manual page 521

Rotary laser with a remote control
Table of Contents
Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 31
стативот (18) на навојот на стативот (44). Зацврстете го
мерниот уред со завртка за фиксирање на стативот.
За вертикалниот режим користете го 5/8"-прифатот на
стативот (20).
Кај статив со мерна скала на извлекување може директно
да го подесите отстапувањето по висина.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите
мерниот уред.
Ласерски заштитни очила (опрема)
Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната
светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа
посветло за окото.
Не ги користете ласерските заштитни очила како
u
заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат
за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак,
тие не штитат од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските заштитни очила како
u
очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските
заштитни очила не даваат целосна UV-заштита и го
намалуваат препознавањето на бои.
Работење со ѕиден држач и единица за израмнување
(види слика D)
Мерниот уред можете да го прицврстите на ѕидот со
помош на ѕидниот држач и единицата за
израмнување (45). Користењето на ѕидниот држач се
препорачува на пр. при работење, кои е над висината на
извлекување на стативот, или при работење на
нестабилна подлога и без статив.
Зацврстете го ѕидниот држач (45) или со завртка низ
отворите за завртување (47) на ѕид или со завртка за
прицврстување (46) на лајсна. Монтирајте го ѕидниот
држач колку што може повертикално на ѕидот и
внимавајте да има стабилно прицврстување.
Завртете ја 5/8"-завртката (50) на ѕидниот држач во
зависност од примената во хоризонталниот прифат за
статив (18) или вертикалниот прифат за статив (20) на
мерниот уред.
Со помош на единицата за израмнување можете да го
поместите мерниот уред во опсег од околу 13 cm висина.
Притиснете го копчето за притиснување (48) и поместете
ја единицата за израмнување грубо до саканата висина.
Со завртката за фино подесување (49) можете да го
израмните ласерскиот зрак точно со референтната
висина.
Работење со мерна летва (опрема) (види слика E)
За контрола на рамнини или за нанесување на косини се
препорачува користење на мерна летва (43) заедно со
ласерскиот приемник.
На мерната летва (43) горе има нанесено релативна
мерна скала. Нејзината нулта висина може да ја изберете
долу на излезот. На тој начин директно се отчитуваат
отстапувањата од зададената висина.
Bosch Power Tools
Примери за работа
Пренесување/контрола на висини (види слика F)
Поставете го мерниот уред во хоризонтална положба на
цврста подлога или монтирајте го на статив (44)
(опрема).
Работење со статив: израмнете го ласерскиот зрак на
саканата висина. Пренесете ја одн. проверете ја висината
на целното место.
Работење без статив: одредете ја висинската разлика
помеѓу ласерскиот зрак и висината на референтната
точка со помош на целната табла на ласерот (53).
Пренесете ја одн. проверете ја измерената висинска
разлика на целното место.
Израмнете ја паралелно точката на вертикалата
нагоре/нанесете прав агол (види слика G)
Доколку треба да се нанесе прав агол или да се израмнат
меѓуѕидовите, мора да ја израмните точката на
вертикалата нагоре (10) паралелно, т. е. на исто
растојание со референтната линија (на пр. ѕид).
За ова, поставете го мерниот уред во вертикална
положба и позиционирајте го на тој начин што точката на
вертикалата нагоре ќе оди скоро паралелно на
референтната линија.
За точно позиционирање измерете го растојанието меѓу
точката на вертикалата нагоре и референтната линија
директно на мерниот уред со помош на целната табла за
ласерот (53). Измерете го одново растојанието помеѓу
точката на вертикалата нагоре и референтата линија во
што е можно поголемо растојание од мерниот уред.
Насочете ја точката на вертикалата нагоре, така што ќе
има исто растојание до референтната линија, како и при
мерењето директно на мерниот уред.
Ќе се прикаже правиот агол до точката на вертикалата
нагоре (10) со варијабилниот ласерски зрак (8).
Прикажување на вертикала/вертикално ниво
(види слика G)
За прикажување на вертикала одн. вертикално ниво,
поставете го мерниот уред во вертикална положба.
Доколку вертикалното ниво треба да биде под прав агол
до референтната линија (на пр. ѕид), тогаш израмнете ја
точката на вертикалата нагоре (10) на оваа референтна
линија.
Вертикалата се прикажува преку варијабилниот ласерски
зрак (8).
Израмнување на вертикала/вертикално ниво
(види слика H)
За да ја израмните ласерската линија или ротационото
ниво на една референтна точка на ѕид, поставете го
мерниот уред во вертикална положба и израмнете ја
ласерската линија одн. ротационото ниво грубо на
референтната точка. За точно израмнување со
референтната точка, вртете го ротационото ниво околу
X‑оската (види „Вртење на ротационото ниво во
вертикална положба", Страница 514).
Македонски | 521
1 609 92A 55C | (05.11.2019)
Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Professional rc6

Table of Contents