Bosch Professional GAS 25 L SFC Original Instructions Manual page 134

Hide thumbs Also See for Professional GAS 25 L SFC:
Table of Contents
Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 12
134 | Македонски
За да се избегне создавање на мувла по всисување на
влажни материи:
– Извадете го набраниот филтер (12) и оставете го
добро да се исуши.
– Извадете го горниот дел на всисувачот (3) и оставете
го добро да се исуши.
Електромагнетен систем за чистење на
филтерот (SFC)
Уредот е опремен со електромагнетен систем за чистење
на филтерот, што го чисти набраниот филтер (12) од
залепената прашина.
Подоцна, откако јачината на всисување ќе се намали,
мора да се активира чистењето на филтерот.
Колку често треба да се чисти филтерот зависи од видот и
количината на правта. Со редовна употреба,
максималниот капацитет подолго се задржува.
– Прекинувачот за избирање режим на работа (4)
поставете го на ознаката „Електромагнетен систем за
чистење на филтерот (SFC)". Секој електричен алат
што можеби е поврзан мора да се исклучи.
Всисувачот вибрира околу 10 секунди и автоматски се
исклучува.
– Почекајте кратко пред да продолжите со работата за
да може правот да се складира во садот.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Извлечете го приклучокот од конекторот, пред
u
одржувањето или чистењето на всисувачот, пред
регулирање на поставките на уредот, замена на
деловите или тргање настрана. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на всисувачот.
Одржувајте ја чистотата на всисувачот и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
При сервис и чистење на всисувачот користете
u
маска за заштита од прав.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
За одржување од страна на корисникот, всисувачот мора
да се демонтира, да се исчисти и одржува, доколку е
изводливо, без да предизвика опасност за персоналот кој
го одржува и другите лица. Пред демонтажата,
всисувачот треба да се исчисти за да се избегнат
евентуалните опасности. Просторијата во која ќе се
демонтира всисувачот, мора да биде добро проветрена.
За време на одржувањето носете лична заштитна
опрема. По одржувањето, исчистете го просторот каде
сте работеле.
Најмалку еднаш годишно потребно е да се изврши
техничка проверка од страна на производителот или
1 609 92A 6U5 | (04.07.2022)
овластен сервисер, на пр. да се проверат оштетувања на
филтерот, дали всисувачот добро дихтува и функцијата
на уредот за контрола.
Кај всисувачите од класата L, што се користеле во
нечиста околина, треба да се исчисти надворешноста
како и сите машински делови или да се третира со
средство за дихтување. Пред да извршите какви било
поправки, сите извалкани делови што не може доволно
да се исчистат, мора да се отстранат. Ваквите делови
мора да се отстранат во непропустливи ќеси во
согласност со важечките одредби за отстранување на
ваков отпад.
– Повремено исчистете го куќиштето на всисувачот со
влажна крпа.
Чистење на садот
– Избришете го садот(9) одвреме-навреме со
вообичаено неабразивно средство за чистење и
оставете го да се исуши.
Чистење на филтерот
Редовното празнење на садот за прав и чистењето на
филтерот гарантираат оптимален перформанс на
всисување. Доколку и понатаму не може да се постигне
истата јачина на всисување, однесете го всисувачот во
сервисната служба.
Отстранување/менување на набраниот филтер (види
слика C)
Веднаш заменете го оштетениот набран филтер .
– Со монета или сл. свртете го затворачот на механизмот
за заклучување (6) за 1/4-вртење во насока на
стрелката и притиснете го механизмот за заклучување.
– Расклопете го горниот дел на всисувачот (3) и држете
го цврсто.
Фатете го набраниот филтер (12) за држачите и
извадете го нагоре.
– Исчеткајте ги ламелите на набраниот филтер (12) со
мека четка.
или
Заменете го оштетениот набран филтер (12).
– Вметнете го новиот односно исчистениот набран
филтер (12) и внимавајте добро да се фиксира.
– Повторно склопете го горниот дел на всисувачот (3).
Со мал притисок од горе, механизмот за заклучување
повторно кликнува на место (6).
Чистење на филтерот за заштита на моторот (види
слика C)
Филтерот за заштита на моторот во голема мера не бара
одржување.
– Периодично вадете го филтерот за заштита на
моторот (13) и исплакнете го под чиста вода.
Оставете го филтерот за заштита на моторот добро да
се исуши пред да го вметнете.
Чистење на сензорите за нивото на наполнетост (види
слика D)
Повремено исчистете ги сензорите за ниво на
наполнетост (14).
Bosch Power Tools
Table of Contents
loading

Table of Contents